Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “везден млади“ – слоган на битолчани кои го искачуваат Тумбекафе

Не само сега, кога сме под полициски час и други мерки за превенција од ширење на коронавирус, туку многу од поодамна битолчани се рекреираат, пешачат, над ридот над Битола, Тумбекафе.

Многумина од нив кои се тука секој ден на разни начини ја разубававувале оваа патека, поставувале патокази, правеле клупи, ги расчистувале патеките, ги кастреле гранките…

На една од клупите кои се поставени пред да го искачите врвот на Тумбека, од каде е убавиот поглед на некогашниот индустриски дел на Битола, па се до РЕК “Битола“, до термоелектаните во Грција, околните села, врвовите на Пелистер… на метална плочка заштрафена на клупата, запишани се два збора “Везден млади“.

Повозраните, кои редовно одмараат тука, ги запрашавме кој е поводот за овие два збора, а ни одговорија дека и тоа е група рекративци кои тука доаѓаат пешки или со велосипеди, кои се другари и така се нарекуваат.

Но, друг, како ни рече стар жител на Битола, ни кажа дека ова значи, оние кои редовно го искачуваат Тумбекафе остануваат секогаш млади, или како е напишано на клупата по битолски “везден млади“ и моќе ова да биде и нивни слоган.

С.Р.