Press "Enter" to skip to content

125 нови случаи од 1.085 тестирани, во Битола уште еден заразен од ковид-19

Според информациите на Министерството за здравство, објавени на нивната “фејс-бук“ страна, во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19, од кои од нив еден во Битола, а најповеќе во Скопје вкупно 46. Следуваат  Kуманово 19, Штип 17, Прилеп 1, Тетово 16, Струга 7, Велес 3, Охрид 5, Гостивар 6, Кочани 1, Делчево 1 и Неготино 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп 2, Тетово 1, Велес 4 и Свети Николе 1.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

More from ВестиMore posts in Вести »