Press "Enter" to skip to content

Кугларската сезона предвреме заврши, двете екипи на Пелистер мажи и жени во врвот

Вчера заседаваше Извршниот одбор на Кугларската федерација на Македонија и донесе одлука, едногласно со 6 гласови (претседател, потпретседатели ×2, еден од нив Игор Михајловски од Битола), претставник на Макпетрол, Вардар и 18 Август), а МКЛ да се прогласи за завршена. На денешниот состанок беа гости претседателите на натпреварувачка и судиска комисија и претставник на женската екипа од Битола.Ова значи дека нема да се одигра последното 14-то коло, со пласман на екипите согласно завршеното 13-то коло каде што Макпетрол е шампион, ГТЦ – Мусандра втор, Пелистер 1982 трет, Вардар 2014, ТКС Империал Тобако и 18 Август, додека кај девојките прва е екипата на ГТЦ Мусандра, втора Пелистер Т&С Холдинг.

Исто така поради ситуацијата со корона-вирусот традиционалниот КУП оваа година нема да се одржи. Двете кугларски екипи, кои го носат името Пелисте, од Битола, во машка и женска конкуренција според зборовите на Игор Михајловски, тренер за задоволни од оваа, сега веќе завршена сезона.

-Иако коронавирусот не спречи да го играме решавачкиот дуел во последното коло од кугларската лига ќе се боревме за второ место со ГТЦ, задоволни сме од постигнатото согласно условите и играњето на домашните натпревари на куглани кај противниците. Најважно за нас, излегуваме 5-ти пат последователно на НБЦ (најмасовниот меѓународен екипен куп) кој оваа година се одигрува (ако има услови) во октомври во Апатин, Србија.

С.Р.