Press "Enter" to skip to content

По удар на гром уништена штала кај “Стрчин“ над Битола (фото)

На 06.06.2020 околу 15,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано “Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е. (47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, стои во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи.Денес кога го посетивме ова место, во близина на новите куќи кои сега се градат и во непосредна близина на поранешното стрелиште на ЈНА, се чуствуваше лошата миризна на изгорено, а делови од шталата кои кои се уште догоруваа, беа тргнати подалеку од шталите.

Од битолската ППЕ велат дека предизвинака е голема материјална штета, а настрадале 80 овци, 50 јагниња и 3 јуници, кои биле внатре во шталата. Противпожарна единица во Битола интервенирале во 15 часот и 45 минути со две возила и 5 пожарникари, по двочасовна борба со огнот пожарот бил изгаснат, но стоката не можела да се спаси.

More from ВестиMore posts in Вести »