Press "Enter" to skip to content

Вандали го уништуваат амфитеатарот над Битола, кај Тумбекафе (фотогалерија)

-Сега повеќе битолчани шетаме по Тумбекафе за разлика од порано, без разлика зошто, но, не сме тука сите за аир, гледате како се уништува, се чкрта секаде, секаде ѓубре, искршени гранки, чешмите катастрофа шо се нема во нив, ни се обрати Александар, кога не забележа дека го фотографираме амфитеатарот кај Тумбекаде, над Битола.А, амфитеатарот, неместо да биде место за младите од Битола, тука да се дружат, да се дружат, комплетно вандализиран, ишаран, искршени и извадени десетина мермерни плочки, извалкан… Некој од тие вандали се надминал и себеси во уништувањето, ги искршил и уништил сите укасни сијалици вградени во мермерот кај бината и по скалите.-Забележавувам полиција низ Шеталиштето и градскиот парк, ни нека почнат и тука, но не во униформа, туку како и насекаде низ светот, во цивилна облека, да фатат кој вака уништува, да се казнат со големи казни, да се казнат родителите ако се малолетни, но не со попуштање, туку со максимални казни, па ќе бидиме дали ќе се повтори, со лутини ни рече Александар, кој рече дека совесни граѓани од Битола, речиси секојдневно собираат ѓубре но додаде, но за кој, за некој нема осет за општо добро е бадијала.На рефлекторите се поставни и камери, а доколку е во можност да се погледаат и да се утврдат вандалите, а потоа да се преземат казнени мерки за сторителите.Инаку, амфитеатарот и изграден пред десетина години, се наоѓа на стотина метри од зоолошката градина, под фитнес зоната на “БиМилк“, од каде се продолжува кон врвот на Тумбекафе и Смолево.С.Р.