Press "Enter" to skip to content

Дејан Куковски во Еурофарм Пелистер доаѓа од Вардар со договор на 3 години

Македонскиот вицешампион и минатата сезона претставник на нашата земја во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер од Битола, го продолжува процесот на засилувања за сезоната 2020/21. Од денес нов член на битолскиот суперлигаш е младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар.

Се работи за играч, кој ги помина младинските екипи на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Настапуваше за составот на Вардар Јуниор, кој се натпреварува во Суперлигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим. Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два гола на натпреварите во Лигата на шампионите.

Кукуловски се обврза на договор на три сезони и дел е од проектот на Жељко Бабиќ во клубот од Битола.

До овој момент нови членови на Еурофарм Пелистер кои оваа сезона ќе ги гледаат љубителите на ракометот во Битола се Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски.