Press "Enter" to skip to content

За Духовден – Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Недела“ – Битола

Празнувајќи ја Светата Педесетница – слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Стеван Здравески, Пенчо Пусоски, Љупчо Атанасов, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Александар Маргулевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Великомаченица Недела“, во Битола.-Ете, овој Свет Дух, браќа и сестри, ние Го повикуваме во нашите молитви, на вечерните и на утринските молитви и скоро на секоја Света богослужба, освен од Спасовден до Духовден, со зборовите на црковната песна: „Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на добрините и на живот Подателу, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши“. Амин, рече Митрополитот Петар.

More from ВестиMore posts in Вести »