Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: социјалните мрежи виртуелен простор за негативни емоции

Според големиот број на коментари на социјалните мрежи многу луѓе соочувајќи се со оваа трауматична ситуација од корона криза се наоѓаат помеѓу порекнување и лутина што им  отежнува да ги поднесат кризните мерки. Еден од факторите кој влијае на начинот на доживување и согласување со кризните мерки е степенот на увереност во исправноста на тие мерки.

Секако деке полесно ќе се прилагодат оние кои сметаат дека кризниот штаб постапува рационално и интелегентно, одколку оние кои сметаат дека донесените мерки се престроги, односно дека се работи на  удар врз слободата на поединецот. Екстремни ситуации низ историјата покажале дека човекот е во состојба да издржи и во многу полоши услови од актуелните услови на кризни мерки и полициски час, при тоа  може да остане психички јак и стабилен ако е уверен во исправноста на идејата за која е затворен. Во овој контекст е доверба во исправноста мерките кои ги спроведува кризниот штаб.Тука доаѓаме до психолошкото спознавање кое е утврдена со практика дека луѓето на трауматична ситуација која го менува нивниот живот нагоре, обично реагираат во пет хронолошки фази: порекнување, лутина, “ценкање“, депресија и прифаќање.

Пандемијата со корона вирусот потполно го промени нашиот начин на живот. Сега се променети нашите животни навики, социјално дистанцирање и почитување на мерки за да се заштитиме себеси и другите. Негативните емоции станаа и еден неизоставен сегмент во време на  пандемија. Односно кај сите спектар од амбивалентни емоции и промена на расположение од оптимизам до песимизам. И од тука основното прашање – како да ги контролираме, дали успеавме да го победиме стравот кој како дамоклов мач цело време стои над нас загрижени за своето здравје, здравјето на најблиските и стравот од смрт како најголем заради  вознемирувачки вести со кои постојано сме опкружени?Повторно зголемување на заразени, мртви, повторно неизвесноист и страв и прашањето Кога ќе заврши сето ова? Или пак стравот кој произлегува од егзистенцијалните прашања за економската и финансискта ситуација која не чека кога ќе заврши кризата која се уште трае, а мислевме дека ќе зацрши после три месеци, карантин, полициски час…

Влијание на социјалните мрежи во кризна состојба и негативни емоции

Според големиот број на коментари на социјалните мрежи многу луѓе соочувајќи се со оваа трауматична ситуација се наоѓаат помеѓу порекнување и лутина што им  отежнува да ги поднесат кризните мерки. Социјалните мрежи покрај позитивната страна каде има многу информации и комуникација во денови на изолација. На истите  премногу информации и многу сензционалистички вести, вознемирувачки слики и вести за заболени, смрт како бројка. Тука се вести за теории на заговор кои  допринесуваа за зголемување на неизвесност на ситуација  која придонесуваа за анксиозност, страв, паника и негативни емоции.Социјалните медиуми станаа место каде секој обично може да коментира, но додека пред кризата  дискусиите се воделе  во социјалните дружења и  интеракција, сега се одигруваат на друго ниво и  многу полесно  зад компјутер, на мобилен телефон од дома. Со едноставно типкање и без самоконтрола на емоциите се шират негативни коментари на кои често се надоврзуваат  други со навредлива содржина  кои одат до напад врз интегритет на  личност. Тука да се споменат лошите коментари насочени кон лица заболени од корона вирус во смисла на жигосување во општеството без причина, луѓе во изолација, политички личности, осудени личности, личности од друга религиозна припадност… Во оваа  емоционална состојба во кои често преовладуваат  негативни емоции се шират и придонесуваат за коментари со негативна конотација кои  најчесто шират  говор на омраза која може да биде на политичка, националситичка, религиозна основа.

Освен лошите вести кои секојдневно ги читаме на социјалните мрежи, врз  нас се става и врши притисок во смисла како да се биде што покреативен, дали да напишам некој интересен статус, пост кој ќе привлече повеќе лајкови и споделувања за животот, кризната ситуација, корона кризата, политичката ситуација или за  мудроста на живење? Потоа дали да ставиме видео, фотографија од креативна активност, пеење, готвење, вежбање по дома, добиена награда…Добиените лајкови како или  “поттик“  да се  продолжи со пишување бидејќи тоа е сигурно добро напишано и општествено прифатено. Критиките секогаш се многу повеќе лајкувани. Бројот на лајкови репер дали е напишаното, ОК.  Ако не се добие поттик со бројот на лајкови (споделување) се оди понатаму, со друг пост. Ако се добијат „доволен“ број  лајкови се оди понатаму повторно. Сето тоа во еден “зачаран“ круг и понатаму за да се постигне целта, а тоа значи личноста да се самоактуализира на одреден начин на социјалните медиуми, бидејќи личноста тоа и го нема во реалниот живот. Сето ова може да придонесе за зголемување на  стресот, кој сакале или постои и без тоа во ова време.

-Потребата  за самоактуализација спрема психологот Маслов, еден од највисоко рангирана после задоволување на основните  потреби за храна, сон, сексуална желба. (Маслов ќе придонесе за психлогијата преку неговата хиреархија на човекови потреби, која ја претставува како пирамида, а на врвот од пирамидата се наоѓа потребата за самоостварување или тензија или конфликт во животот на некоја личност).Овие се некои од механизмите за соочување со негативните емоции страв, лутина, бес и револт од новонастаната ситуација, а заедничко им е да се одвлече вниманието  од вистинскиот проблем. Многу често и од стресот кој на овој начин го потиснуваме

Некои начини како да се надмине стресот се: развивање на свесност за своите емоции. Во оваа ситуација сигурно е  време да се посвети на своите мисли и емоции колку и тие да се негативни. Признајте си на себеси како се чувствувате. Многу е важно ако се чувствувате лошо да не ги потиснуваме емоциите за да се јави поголем проблем. Можеби е време да се одморите од се и да се посветите внимание  на себе и сопствениот внатрешен свет. Да се запрашате зошто реагирам на таков начин? Да развиеме чувство на свесност за себе и нашите реакции. Пред да се постира или напише некој негативен коментар да почека некое време, се смета дека 20 минути е потребно за да ни поминат и смират емоциите на завист, љубомора, бес.

Чувството на свесност е вештина која не може да се развие преку ноќ, потребно е доста време и труд. Медитацијата како техника на затворање во свој простор и отварање во него. Бројни студии покажале дека луѓето кои се доследни во праксата на медитација полесно ги поднесуваат стресните ситуации,  од други кои не се насочуваат вака. Но заради претходниот стил на живот, пред корона кризата, малку луѓе можат да истраат во оваа практика во миговите кога е најпотребна.

Авторот е психолог во ОУ “Кирил и Методој“ во Битола.

More from СоветиMore posts in Совети »