Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со умерена облачност, попладне можни поројни дождови

Според временската прогноза на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Денес и утре на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Денес, вторник, 9 јуни, во Битола, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Температурите во Битола до 23 °С.

За утре, среда, 10 јуни, прогнозата за Битола е: променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, со температури слични на денешните.

Денес имаме и предупредување на Управата за хидрометеоролошки работи:  под влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров која се приближува кон нашето подрачје, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Денес и утре на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

More from ВестиMore posts in Вести »