Press "Enter" to skip to content

Професори од Правен од Битола со стручни трудови во списанието “Правен дијалог“

Списанието “Правен дијалог“ претставува одлична можност за правните теоретичари и практичари да ги презентираат своите ставови, размисли и искуства. Главен фокус на списанието се човековите права и основни слободи, набљудувани низ различни призми и перспективи, а овој пат се застапени млади автори меѓу кои и од Битола.

Во последниот, дваесет и првиот број на списанието “Правен дијалог“, со свои трудови се претставија и дел од професорите од Правниот факултет од Битола: доц. д-р Мирјана Ристовска, проф. д-р Младен Караџоски и проф. д-р Светлана Вељановска. 

Списание “Правен дијалог“ го издава Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје во рамките на својата издавачка дејност, два пати во годината, а првиот број беше објавен во ноември 2010 година, професори од Битола се застапени со свои стручни трудови.

More from ВестиMore posts in Вести »