Press "Enter" to skip to content

Се поставува заштитна ограда на Обиколницата над Баирот (фото)

Деновиве започна поставувањето на заштитната ограда, прва од ваков вид во земјава, на дел од магистралниот пат Прилеп-Охрид, на обиколницата над Битола, кај месноста Баир. Увид во теренските активности извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов,  заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски и кандидатите за пратеници од СДСМ Горан Козаров и Бисера Костадиновска-Стојчевска .-На иницијатива на Општина Битола, благодарение на Министерството за транспорт и врски и јавното претпријатие за државни патишта, оваа звучна бариера, која од ваков вид се поставува за прв пат во Република Северна Македонија, значи решавање на три проблеми за нашите граѓани.Едниот проблем е звучниот, вториот е сообраќаен со што се зголемува безбедноста восообраќајот на овој потег. И што е многу важно, не така одамна овде имаше еколошки проблем, вистинска депонија, која општината ја исчисти и преку ЈП „Комуналец“ вработи човек кој постојано се грижи за хигиената во овој потег, рече Емилија Костурски, заменик градоначалник на Општина Битола.Обиколницата над Битола претходно се соочуваше и со свлечиште, кое повеќе од две години го пренасочуваше сообраќајот низ градот. Тој проблем е надминат, а сега нова безбедност ќе донесе поставувањето на заштитната ограда, нагласи директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.-Звучните бариери се во должина од 1 километар, а на оваа делница, за прв пат во земјава се поставуваат вакви бариери, кои што се еколошки и имаат висок степен на апсорпција на звукот. Направени се од бетонска маса со гумено јадро. Овој концепт претставува економично и еколошко решение за заштита од бучава, кое истовремено е едноставно за примена. Ќе биде поставено од двете страни на патот, а средишниот дел ќе биде во различен колорит, на две нивоа со валаст изглед, истакна Китанов.Министерот Сугарески потенцираше дека во моментов се одвива силна градежна офанзива во целиот Пелагониски регион.-Реконструиран е патот од Битола до Тополчани во должина од 16 км, во наредниот период ќе се довршат преостанатите 20-тина километри на патот Битола-Демир Хисар, ќе отпочне рехабилитација на патот од Битола до Меџитлија на постоечкиот пат, а до крајот на летото очекуваме да заврши проектирањето на експресниот пат од Битола до Меџитлија, со цел понатаму да се распишат тендери за проектирање и изведба на тој пат“, потенцираше Сугарески.Тендерот за рехабилитација на патот Битола-Меџитлија во должина од 13 км, се очекува да биде распишан кон крајот на јуни, или почетокот на јули.

More from ВестиMore posts in Вести »