Press "Enter" to skip to content

Битолчани на кафе и благо во ретро-стил, трета сезона “Трицикло кафе“ на Шеталиште (фотогалерија)

Пред две години интересот кај битолчани го привлече ретро-трицкл дизајниран и преправен во подвижен штанд, шанк со  повеќе видови кафе и  цедени сокови со име “Трицикло кафе“, а тогаш во јуни 2018 година, во “bitolanews“, напишавме:-Деновиве можевме да видиме интересно подвижно мини-кафуле во вид на трицилк со романтичен, рустилакен изглед. Името “Трицикло“ целосно вклопено со изгледот. Оригиналанта идеја ја поздравуваме и се разбира и каде ќе ја најдете, ако не во градскиот парк.Но, по две години работа, од тогаш “Трицикло кафе“ се проширува и со уште еден трицикл со шанк за холандски палачинки. Оваа им е трета сезона и после олабавување  на мерките повторно “Трицикло кафе“ се појави на Шеталиште, во градскиот парк. Сега работат според протоколите на мерките за заштита. На штандовите продавачите со маски, ракавици, муштериите пред штандот на дистанца додека чекаат ред, средство за дезинфекција…За големиот број битолчани кои шетаат, рекреираат во паркот атрактивни  „take and go“ кафето, цедени сокови и холандските палачинки по поволни цени на штандовите на “Трицикло“, се добредојдени, посебно за оние наши сограѓани кои се имаат страв и ги избегнуваат кафулината.Сопственикот и идејниот творец на оваа идеја, која сега функционира, е Кристи Стојановски, студент, кој сакаше преку летните месеци да работи и заработува кој дојде на оваа идеја пред две години. Од тогаш “Трицикло кафе“ и “Трицикло палачинки“ веќе станаа препознатливи и еден вид бренд од каде битолчани се освежуваат додека уживаат во прошетките на градскиот парк. Многу често и пред “Трицикло кафе“ им е место за состанување во  гужвата низ градскиот паркот.Со  Кристи Стојановски се сретнавме за разговор на работно место, на штандот на “Трицикло“ штандовите каде поминува голем дел од денот кој ни кажа кога започна со работа “Трицикло кафе“ и од каде идејата за истото.-Точно пред две години односно на 1 јули 2018 започнавме со работа и тогаш нашето трицикло им беше интересно на битолчани. Јас сум студент сум на криминалистика на Европски институт, но преку летните месеци сакав да работам и да заработувам сам. На моја идеја започнавме со голем ентузијазам и го прилагодивме трицилкл во штанд. На битолчани им беше атрактивен  ретро трициклот од каде можеа да купат кафе или сок по поволни цени. Работевме во сезона од пролетните месеци март до октомври во зависност од временските услови. Трицикото е подвижно, но се стациониравме  на две локации, во утринските часови на Широк Сокак, а после 17 часот во градскиот парк. Оваа ни е веќе трета сезона, во  која можам да кажам е голем интересот  за  “take and go coffee“, свежо цедените сокови и вкусни палачинки. Ова е сигурно заради целата состојба со пандемијата, после карантинот сите се вратија во градскиот парк на чист воздух, рекреација и прошетки. Потоа  затворени кафулиња или сега со намален обем на гости. Придржувајќи се целосно кон мерките за заштита ние започнавме со работа од средината пред 15 дена.  Како што кажав секогаш има муштерии кои чекаат пред нашето трицикло. Тоа е можеби и што голем број битолчани шетаат или рекреираат во паркот на чист воздух, но и заради тоа што нудиме голенм избор на кафе, цедени сокови од лимон и портокал, палачинки по холандска рецептура со различни преливи и додатоци. Сето ова со висок квалитет по што станавме препознатливи  уште од почетокот со работа, но и цените кои ова сезона се многу примамливи. Трицикла со романтичен, рустилакен изглед и  ретро дизајн, каде се набавени, направени?

-Идејата беше моја и на мојот братучед која  му ја предложивме на  мојот татко Јовица Стојановски кој уште од самиот почеток ме  поддржа и се нафативме  сами да го редизајнираме и прилагодиме за оваа намена шанк. Морам да ви кажам дека многу се намачивме додека не се доби овој диазајн кој испадна многу интересен.  Потоа дојде на ред и следниот трицикл за палачинки во стил на 60 години.  Сега се два трицикла штандови кои се подвижни, а со олабавување на мерките и полицискиот час започнавме со работа и  сега сме во градскиот парк и тоа од 10 часот до 22 часот навечер. Колку време поминуваш тука?

-Скоро цел ден. Мојот работен ден започнува уште порано во 7 часот кога е потребно да ги донесам сите состојки, препарати, да го подготвам штандот, да се исчисти, дезинфицира… Потоа отвараме во 10 часот и цел ден сум тука со мои помошници другари. Напорно е многу, но работаат е многу интересна, многу луѓе, муштерии меѓу кои и некои веќе ги препознавме и не знаат. Исто така и нашето друштво се собира тука на помош, кафе муабет, дружење. Поврзувам работа и задоволство и можеби заради тоа и работата не ја доживувам како напорна.Интересна идеја за бизнис секогаш може да прерасне во сериозен бизнис, и во иднина им посакуваме да видиме и повеќе трицикли кои ќе продаваат на повеќе места низ Битола, не само кафе туку и други производи. Тоа му го посакуваме и на младите студенти, ентузијасти од “Трицикло“ кои рекоа дека се многу задоволни од работата, со овие зборови го завршивме постот за младиот  студент Кристи Стојановкски пред две години.Но, денес, нашите желби упатени кон Кристи и напишани зборови и станаа реалност, а нему, кој работи со љубов и позитивна енергија, младешките идеи и желби им станаа реалност и солиден бизниз за млад човек.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »