Press "Enter" to skip to content

Денес, 10 јуни, училишното ѕвонче не чукна да го означи крајот на учебната година

Денес, 10 јуни, во основните и средните училишта во Битола заврши и формално учебната 2019/20, која ќе биде запаметена по тоа што училиштата останаа празни цели три месеци од второто полугодие од март, и се изведуваше настава од дома, на далечина.

Но денес, во училниците и школските дворови во Битола, немаше радосни деца кои со звонењето  на  последното ѕвонче го напуштаат училишниот двор со музика, грицки, сок, фотки за разделба со соучениците. Ова се се убави спомени по кој и  беше препознатлив 10 јуни и како таков омилен ден на учениците кога завршуваше учебната година, кога  “се фрлаа“ тетратките и се заминуваше на долг летен распуст. 

Но, наместо тоа денес училишните клупи и дворови празни. Во некои од  основните и средните училишта училишта во Битола можеа да се видат само ученици со маски како чекаат во ред, на растојание, за ги вратат, разменат учебниците и земат за следната училишна година.

Исто така во основните училишта поради одложениот упис на првачињата можеа да се видат идните првачиња како итаат да се запишат во своето училиште. Тие, примерни, со маска и за рака со родителот возбудени влегуваат со надеж во училиштето, дека барем септемвриското ѕвонче ќе означи почеток на новата 2020/21 година.

Ова е “новата реалност“ во основните и средните училишта не само во Битола, во веќе старата учебна година, која сите ќе  запаметат по воведени вонредни услови заради корона кризата и воведување на  далечинско школување за да продолжи наставата, до денес кога и официјално започнува летниот распуст за сите основци и средношколци. 

Ж.Р.