Press "Enter" to skip to content

Никола Стоилевски повторно во Битола, засилување за Еурофарм Пелистер 2 на 4 години

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 денес го претстави своето најново засилување. Нов член на суперлигашот од Битола е десното крило Никола Стоилевски. Младиот Стоилевски доаѓа од екипата на Металург 2 од Скопје, има 21 години и беше најдобриот стрелец во екипата минатата сезона.

Стоилевски се наметна во дресот на Бутел, беше еден од најзаслужните за промоцијата на клубот од Скопје во Суперлигата, а потоа една сезона го носеше дресот на Пелистер. Следеше едногодишно искуство во тимот на Металург 2, пред да дојде повторно понуда од Битола.

Младото крило потпиша договор на четири години и дел е од плановите на битолскиот клуб и во иднина.