Press "Enter" to skip to content

УКЛО-Битола, дијалози за криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, за денес во 19 чсот, ги закажа шестите по ред “Корона дијалози“, кои ќе се одржат на тема “Криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија“.

Говорници на денешните дијалози кои ќе ги модерира проф. д-р Марјан Ѓуровски, ќе бидат:  проф. д-р Горазд Мешко, Универзитет во Марибор, проф. д-р Крунослав Боровец, Декан на Високата полициска школа-Загреб, проф. д-р Весна Стефановска, Факултет за безбедност-Скопје, проф. д-р Ангелина Станојовска, Правен факултет- Кичево, 

За време на пандемијата и рестриктивните мерки кои ги преземаат Владите, нашите секојдневни животи беа променети радикално. Импактот врз менталното здравје и
однесување е важен за рестрикциите на движењето и секојдневното функционирање.
Сите овие промени се поврзани и тоа не само со дозволеното однесување, но и со
забранетите дејствија, се теми на кои ќе се расправа, а ќе се одговори и на прашањето ш
то би требало да очекуваме во однос на обемот и структурата на криминалното
однесување, а ќе се соопштат и п
рогнозите на Европол, кои укажуваат дека е очекуван глобален импакт по завршувањето на пандемијата и зголемување на имотниот криминал, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и сајбер-криминалот.

Линк за вклучување и учество во е-дискусијата:

meet.google.com/xmb-gggm-roe