Press "Enter" to skip to content

Во инфективно 20 пациенти со ковид-19, од утре заболените од регионот во Охрид

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната редовна прес-конференција зборуваше и за исполнетоста на капацитетите на Инфективното одделение при Клиничката болница од Битола, која е и Регионален центар за лекување на ковид-19.

Филипче рече дека на инфективното одделение во Битола има 20 хоспитализирани пациенти. Со ова исполнет е капацитетот на оваа регионална “Ковид Болница“ и дека од денеска натаму пациенти ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид, која ќе работи според сите зацртани протоколи.

Филипче смируваше дека здравствениот систем е стабилен и има доволно слободни капацитети во другите болници доколку за тоа се појави потреба. Во болницата „8 Септември“ има само 50 пациенти, а капацитетот на болницата е близу 400 кревети – изјави тој. Места има и на Инфективната клиника каде во моментов се хоспитализирани 81 пациенти од вкупно 110 кревети. А по потреба пациенти ќе прими и монтажната болница која има капацитет од околу 70.

More from ВестиMore posts in Вести »