Press "Enter" to skip to content

Денес, 55. седница на Советот на општина Битола, ќе се донесат неколку економски мерки

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот, “он-лајн“, ја закажа 55. седница на Советот на Општина Битола, на која покрај предвидените точки на дневниот ред ќе има нови кои ќе бидат предложени на Седницата.

Груевски за денешната седница рече дека ќе има предлог за дополнение на дневниот ред за донесување на економски мерки, а ќе се однесуваат за намалување на комуналната такса. Потоа ќе се расправа за  одделување средства за плаќање на трошоците по тужбата со “БВ Инжинеринг“ и за изградба на трафостаница до градскиот стадион со која ќе ги ставиме во функција рефлекторите. Ќе се распарава за донесување на одлуки за покачување на платите на пожарникарите,Министерството за транспорт да го премести каналот кој врви покрај стадионот и ќе овозможи поврзување на улицата која води низ касарната и се спојува со улицата “Крушевска република“ и на канализационата мрежа.

Инаку, претходно предложениот Дневен ред, испратен до советниците и новинарите имаше 11 точки, и тоа:

1. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година.

2. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година.

3. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот за 2020 година.

4. Програма за измена и дополнување на Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2020 до 2022 година.

5. Програма за измени и дополнување на Програмата за економски развој во Општина Битола за 2020 година.

6. Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработување донесување на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2020 година

7. Одлука за преотстапување на дизел гориво Еуродизел БС на АД Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост – Скопје, Подружница Битолско Поле – Битола, заради реализација на Акциониот план за чистење на дел од критични реки на територијата на Општина Битола (подносител: Одделение за комунални дејности)

8. Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на листа за изградба и реконструкција на водоводни системи во населени места на подрачјето на Општина Битола со користење на средства од Европска инвестициона банка.

9. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата од страна на Општина Битола за потребите на ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола.

10. Решение за давање согласност на барањето за донесување на Одлука на Советот на Општина Битола за склучување на договори на Општина Битола со Јавно Претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници на Општина Битола ( ЈППЈЛП) за реализирање на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локални патишта и улици во Општина Битола за 2020 год. Во делот на одржување на хоризонталната сигнализација, со примена на член 24 од Законот за јавните набавки

11. Одлука за склучување на договори на Општина Битола со Јавно Претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници на Општина Битола ( ЈППЈЛП) Битола за реализирање на Програмата бр. 09-181/30 од 25.12.2019 година , донесена од Советот на Општина Битола , за одржување на комунални објекти и инсталации, локални патишта и улици во Општина Битола за 2020 година, во делот на одржување на хоризонталната сигнализација, со примена на член 24 од Закон за јавните набавки.

More from ВестиMore posts in Вести »