Press "Enter" to skip to content

Денес 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19, нема во Битола

На официјална Фејсбук страна на Министерство за здравство, за актулсностите со ковод-19, стои дека во Битола, нема новозаболен.

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 131, Куманово 24, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 5, Струга 2, Велес 4, Охрид 1, Гостивар 2 и Свети Николе 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, Скопје 12, Штип 1,  Тетово 3 и Велес 2. Во Битола во поспедните 24 часа нема оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.