Press "Enter" to skip to content

Комунална такса во Битола за летните тераси во вонредна состојба 0 денари, до 15 ноември 5 денари по метар квадратен

Угостителите кои имаа поставено летни тераси на општинско земјиште во Битола, или останатите користат простор пред своите дуќани за друга намена, нема да плаќаат комунална такса за периодот од дел од март, април, мај, и јуни додека е важност одлуката за вонредна состојба, соопшти претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.

Владата вчера ја прифати иницијативата на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и донесе одлука со која се овозможи намалување на комуналната такса за корисниците, кои ќе бидат ослободени од комуналната такса за месеците додека трае вонредната состојба, а потоа по нејзиното укинување, до 15 ноември додека и се плаќа комунална такса, таа ќе изнесува 5 денари по метар квадратен. Ова беше најавено пред два месеца од градоначалничката, изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

Ослободувањата важат за сите дејности без разлика дали работеле или не за време на ковид кризата, а по 15 ноември ќе има разговори, како ќе биде општата ситуација, така и ќе се постапува, дали би останала цената од 5 денари или ќе се врати на 15 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »