Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат малолетник со шипки, агресивно однесување кон полицаец, повреден моторциклист

Портапаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, информираше за дел од дневните настани, кои се во билтенот на СВР Битола, во кој стои:

На 10.06.2020 во 10.40 часот во СВР Битола Б.М. (53) од Битола пријави дека на ул.„Стерјо Ѓоргиев“ во Битола неговиот малолетен син бил нападнат со метални шипки од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 10.06.2020 во 10.25 часот во Битола на ул.„Филип Втори Македонски“ 31 од село Нижополе, битолско, се однесувал дрско и агресивно кон полициски службеници од СВР Битола кои вршеле службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.06.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо 306“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 67 жител на Битола и мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од 25 годишник од Битола. По незгодата, возачот на “аплилијата“ бил пренесен во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »