Press "Enter" to skip to content

Вицепремиерката Мила Царовска и директорот на АМС Дарко Каевски во Битола (фото)

Во две одвоени посети, денес, заменичката на претстедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и директорот на директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, направија увид во градежните работи во Офицерскиот дом и кугланата во спортската сала, како и на изградбата на затворениот базен во ОУ “Даме Груев“. Со нив беа и кандидатите за пратеници од СДСМ – Битола, Горан Козаров и Бисера Костадиновска-Стојчевска.Царовска направи увид во текот на градежните работи на потпроектот за „Реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување“ во вредност од 959 илјади евра е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност.-Наша интенција како Влада е да инвестираме во локалниот и регионалниот развој. Со овие инвестиции, ја придвжуваме и локалната и регионална економија. Ваквите објекти, нивното одржување и промоција, создавањето на приказни за нивната историја, може да привлечат и домашни и меѓународни туристи, со што би се придвижила локалната економија. Владата, во партнерство со Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на Светска банка, инвестираше околу 960 илјади евра во реконструкција на „Офицерскиот дом“, со очекување од наредната година да се креира програма со културни и други содржини, која ќе се понуди и на Битолчани и на сите останати граѓани на нашата држава, нагласи вицепремиерката Царовска.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска истакна дека Офицерскиот дом е исклучително важен објект за градот.

-Општината за зголемување на атрактивноста на оваа локација реализира и други проекти, како што се уредување на канализацискиот систем, реконструкција на околните улици и партерно уредување на околината. Покрај оние 58 милиони денари кои се обезбедени преку Проектот за локална и регионална конкурентност, за реставрација на Офицерскиот дом, општина Битола обезбеди дополнителни 2 милиони денари за современ канализационен систем, со кој домот ќе биде приклучен до градската канализациона мрежа. Се предвидуваат и зафати на хортикултурно партерно уредување, а со завршување на сите активности овој дел од градот ќе добие една сосема поинаква слика, сосема поинаква душа, а притоа да не се изгуби она што како традиција сме го имале во минатото и кое е многу значајно за Битолчани, рече Петровска.Претходно директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ја посети кугланата која се реконтруира во спортската сала “Боро Чурлевски“ и разговараше со кугларите и Управата на клубот, на кој им порача дека АМС како инвеститор на реконтрукцијата ќе го “притиска“ изведувачот за предвреме завршување на работите, а кугларите наместо во март-април 2021 година, некаде за Нова година да влезат во кугланата. Инаку, кугланата ќе биде една од најсовремените, а ќе се кугла на 4 патеки, со врвни услови, а со тоа ќе има врвни резултати.Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска  извршија увид и во градежните работи на базенот кој се гради во училишниот двор на ОУ “Даме Груев“ во Битола.Агенцијата за млади и спорт ја финансира изградбата на затворениот базен со
43.000.000 денари и ми е драго ми е што во услови на пандемија, кога можеби работите во целиот свет стојат, како централна власт заедно со локалната власт, им даваме мотив и дополнителна вредност на капиталните инвестиции, а токму во Битола се градат капитални спортски објекти. Верувам дека овој затворен пливачки базен ќе биде во функција за битолчани. Со изградбата на базенот даваме дополнителна вредност во Општина Битола, веруваме дека најмладите ќе бидат главни корисници на овој пливачки базен, но и останатите ќе може дополнително да го користат. Ова беше едно од главните ветувања кое што го дадовме, јас како директор на Агенцијата за млади и спорт и градоначалничката Петровска за градот Битола како една од капиталните спортски инвестиции и верувам дека со ова ќе ги задоволиме потребите на граѓаните, истакна Каевски.