Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност, за викендов стабилно време

За денес, петок, 12 јуни, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен правец. Максималната температура ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ=8. Во Битола температурите до 26°С.

Управата за хидрометеоролошки работи во прогнозата за време на викендот предвидува дека ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Температурите во Битола до 28°С.

Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

More from БитолаMore posts in Битола »