Press "Enter" to skip to content

Лабараторијата за ковид-19 во Центарот за јавно здравство во Битола започна со пробни тестови

Лабораторијата за молекуларна микробиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола од денес започна со пробно тестирање за SARS COV-2, соопштија од Центар за јавно здравје Битола.

-По 2 месеци интензивни градежни активности и набавка на специфична опрема согласно стандардите на СЗО, лабораторијата за молекуларна микробиологија од денес започна со пробно тестирање за SARS COV-2. Според протоколите, следната недела стручна Комисија назначена од Министерството за здравство ќе направи увид и проценка на исполнување на стандардите според СЗО. Со исполнување на стандардите ќе се добие дозвола за воведување на методата во рутинска работа. Со тоа лабораторијата станува дел од Националната мрежа на лаборатории кои тестираат SARS COV-2 и споделуваат податоци со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Мој термин, велат од Центар за јавно здравје Битола.

Во почетокот ќе се изработуваат по 50 тестови дневно, капацитет кој ќе биде доволен да ги задоволи потребите на граѓаните од Битола и регионот. Со ова Битола добива нова современа лабораторија каде граѓаните ќе можат да добијат квалитетна услуга, а резултатот да го добијат во најкраток можен временски период од тестирањето со SARS COV-2.

-Благодарност до сите фирми и организации – донатори на опрема и финансиски средства, за да може овој проект да биде реализиран, напишаа ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »