Press "Enter" to skip to content

Санирани ударните дупки, калливите делови… сега непречено до Стрежевско езеро

Изминатите денови се изврши рехабилитација на главниот и помошниот пристапен пат до акумулацијата “Стрежево“, која ја организираше ЈП “Стрежево“ од Битола. Патот го користат рекреативните риболовци од Битола, локалното  население, спортисти и вработените од претпријатието. Дополнително, се отстрануваше ниската вегетација околу главниот пристапен пат и се кастреа гранки и друга дива вегетација со цел непречено движење на граѓаните и возилата и поголема видливост на патот.-Продолжуваме да ги решаваме посочените проблеми од граѓаните, од доменот на нашето работење. Особен акцент во санацијата се стави на ударните дупки и калливи места кои се тешко проодни. Се работеше на санирање на критичните места каде е оштетена и однесена старата подлога, на делови од патот каде се собира вода и се потешкотија во нормалното движење на граѓаните од Битола и околните места. Овие активности се доказ за посветеноста на претпријатието за решавање на проблемите на граѓаните и за држење до дадениот збор од наша страна, потенцираше директорот Методија Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »