Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пет битолчани возеле без возачка, еден пијан, шест побрзо од дозволеното…

На 11.06.2020, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола на брзина, контрола за алкохол,техничка исправност на возилата, користење сигурносен појас, користење мобилен телефон при управување моторно возило, поседување на возачка дозвола.

Притоа, констатирано е дека три возила биле нерегистрирани, без возачка дозвола биле пет возачи, едно лице управувало возило под дејство на алкохол и било исклучено од сообраќај, брзината не ја почитувале шест возачи, сигурносен појас не користеле двајца возачи, а тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување возило.

За сите неправилноти издадени се соодветни налози.