Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: за викендов стабилно, од вторник честа појава на дожд

Според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи за време на викендот во Битола и државата ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи, 

Во Битола, за денес, сабота, 13 јуни, Управата за хидрометеоролошки работи со прпгниза за сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе достигне од 23 степени. УВ=8.

Управата за хидрометеоролошки работи за утре, недела, 14 јуни, за Битола, прогнозира сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8. Максималната температура во Битола ќе достигне од 28 степени. 

More from ВестиMore posts in Вести »