Press "Enter" to skip to content

СОУ “Таки Даскало“ во Битола со нов покрив на двете згради и спортската сала (фото)

Деновиве во тек е реконструкција на покривот на двете згради на СОУ “Таки Даскало“ во Битола, како и покривот на спортската сала во ова општинско средно училиште, а парите за реконструкцијата се обезбедени од страна на министерството за образование и наука.Денеска увид на работите околу реконструкцијата направија заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за овој градежен зафат рече:-Евидентни се градежните зафати кои ни се случуват во образовните институците започнувајќи од градинките до средните училишта. Во СОУ “Таки Даскало“ се врши целосна санација на покривната конструкција на двете згради и спортската сала. Токму затоа сакам да кажам дека во 2007 година беше оставено до 93 илјади евра на сметката плус 25 илјади евра на друга сметка. Потоа се потрошија овие пари па за 10 години училиштето имаше неплатени долгови од 930 илјади евра, поради што беше блокирано како и останатите училишта. Не само што се одблокирани сметките туку и има експанзија на градежни активности во сите образовните активности.

Заменик министерката за образование, Елизабета Наумовска, денес при увидот на работите рече:-Владата и министерството за образование го знаат значењето на подобрувањето на условите за работа и учење во кои работат и учат наставниците и учениците. Една од санациите и поправките кои се вршат насекаде е сакацијата на покривот на двете згради и спортската сала на СОУ “Таки Даскалот“ од каде и јас потекнувам. Вредноста на оваа инвестиција е над 260 илјади евра. “Таки Даскало“ покрај оваа крупна инвестиција на покривната конструкција се инвестирало и во опрема во висина од 55 илјади евра во опрема во градежно-геодетската струка и во графичката струка, а ваквите инвестиции имаше и во економското и земјоделското училиште, а ќе стигнеме со сите училишта, со што ќе имаме поголем квалитет во образованието.Директорот на СОУ “Таки Даскало“, Владе Ѓоргиев, во име на учениците и наставниците се заблагодари на вложувањето во училиштето и подобрување на училиштата, рече дека веќе се работи на ДУП со кој ќе биде изградена спортска сала во дворот на училиштето, а ќе има и ново хортикултурно уредување.

More from ВестиMore posts in Вести »