Press "Enter" to skip to content

Фото вест: се уредува дворот и пристапните патеки во црквата “Св. Атхангел Михаил“

Дворот и пристапните патеки на црквата “Св. Архангел Михаил“ во Битола, ќе добијат нов лик, ќе бидат комплетно уредени, а верниците кои доаѓаат тука нема да газат во трева, кал и прашина. Со овие зафати ова црква која се наоѓа во населбата Довлеџик во Битола, ќе добие посебна убавина, покрај фасата од убаво ѕидани тули.Деновиве се работи на поставување на камен пред и околу црквата, а паралелно се работи на поставување на бехатон плочки од влезот кај улицата до црквата, кои се веќе донесени во дворот на црквата.Камениот двор и патеките се донација на две компании од Битола, а во поставувањето на каменот и бехатонот се вклучени со доброволна работа и верници од Битола.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »