Press "Enter" to skip to content

По “Стрежевскиот канал“, над Битола, од Ореово до Дихово, Пелистерски патокази низ текст и фотографии (25)

Бројни се рекреативните и пешачките патеки над Битола, како и потешките патеки за тренинг и подготовка на битолските планинари за освојување на високите европски и светски врвови за што во оваа рубрика сме пишувале повеќе пати во изминатиот период.Последните месеци зафатени од корона кризата и мерките кои се донесени за заштита и ширење на корона ворусот, се поатрактивни се патеките “низ Пелистер“, оние полесните, до Копанки, до Црвени Стени, до Камењарот, до Голема Ливада…Но, кога се зборува за рекреативна патека на битолчани над Битола, во под Пелистерието најпопуларна патека за пешачење, за возење велосипед или трчање на висина е патеката наречена “По каналот“, а тоа е патот кој се движи паралелно со “Стрежевскиот канал“ кој ги прибира водите од Пелистер и ги “носи“ во акумулацијата, Стрежевско езеро.Оваа патека од дога во подпелистерието повеќе од 20-тина километри но овој пат ќе ви претставиме патеката која е најчесто користена од село Ореово до село Дихово, двете во близина на Битола-Оваа патека “По каналот“ е најпопуларна бидејќи е на дофат на битолчани, а на неа лесно се стигнува од повеќе места. Секогаш кога ќе се движите по неа ќе сретнете некој и во секој час од денот е посетена. Патеката “По каналот“ од село Ореово до Дихово е компетна патека за пешачење, трчање или планински велосипедизам. Мора да се каже дека цела е проодна за волосипеди, мото-крос моторцикли, а во посебно време и на моторцикли на четири тркала. Овој потег е долг околу 12-13 километри, а кога се поминува патеката погледот кон Битола и околината е преубав. Без разлика на кој дел сте, кај Ореово, над Смолево, над Лавци или Брусник или пак на Дихово фотографиите кои ќе ги направите ќе бидат убав спомен, вели Драган Ристевски, искусен планинар од Битола, со кој и ја поминавме вчера оваа патека, “По каналот“.По патеката која добар дел е во сенка, многу битно за овој дел од годината, има неколку чешми, неколку места за одмор, урбанизирани со клупи за седење.-Оваа патека ја поминувам повеќе од дваесетина години, уште како средношколец кога од Буковска населба одевме со другарите на капејнци над Дихово. Патеката е единствена за мене, а кога имам време редовно ја “изодувам“, но во последно време ја поминувам со велосипед, вели Кире Грбевски, професор по физичко воспитување во Горната Гимназија во Битола, кој додава.-Ова е идеална патека за спортистите, се наоѓа на надморска висина од нешто повеќе од 900 метри, се движите по неа по изохипса, нема голем напор за да се извози или истрча, а оној кој сака посилен тренинг тука е нагорнината од Буковска населба до село Ореово. Патека која вреди секој спортист во некој подготвилетел период да ја помине. Јас како тренер во Топ Гол и професор по физичко обравание ја препорачувам на спортисти и рекреативци.Од патеката лесно се стигнува до Неолица од неколку места, а Драган Ристевски вели:-Од оваа патека лесно се стигнува за релативно брзо време до Неолица оттаму и до други места на планина од неколку места. Првото е од село Ореово, па потоа на еден километар кај соборниот канал, а секако најповеќе се искачува до Неолица од над Смолево, што битолчани најповеќе го користа оваа патека. Но, има добри патеки и над Лавци, Брусник и кај Дихово.На патеката има неколку чешми, а ако на ова се додадат чешмите и низ Букови се повеќе од десетина. Првиот извор со вода која може да се пие, како и сите други е кај соборниот канал, потоа е втората на околу 2 километри, која никогаш не пресушува. Потоа има урбанизирана чешма над Смолево. Скриена под собирниот канал над село Дихово се наоѓа чешмата за која се зборува дека Томе Делов која го проектираше целиот хидро-систем “Стрежево“ пиел вода само од неа, а потоа се чешмите во село Дихово.-Ладната вода која ја има на секои неколку километри му дава посебна убавина на патеката, а за жал двете според мене најубави извори се “скриени“, настрана од патеката и ако тешко ќе ги најдат намерниците. Треба да се направи акција од нас кои сме тука “По каналот“ да се исчистат и обележат. Тука мора да се пофали ЈП “Стрежево“ чии вработени и оваа пролет со багер ја израмнија патеката и е во одлична кондиција, додава Ристевски.Патеката “По каналот“ не е само од Ореово до Дихово, таа е подолга. Може да се движите по каналот до село Кишава и од таму да се спуштите до регионалниот пат до село Драгош, или пак од Дихово да продолжите кон Трново, до Превалец, до Рамна, се до Стрежевско Езеро.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »