Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Млади Бригадери“ го нацртаа свој прв мурал во центарот на Битола

Групата која е дел од навивачката група од “Чкембари“ од Битола која го носи името “Млади Бригадери“ го заврши цртање на свој мурал во Центарот на Битола, кај семафорите кај Стара Болница.

На својата “фејс бук“ страна тие кратко напишаа: “Навивачката сезона е активна! Прв графит на Млади Бригадери“, со што ја најавија својата поддршка за битолските спортски клубови кои во наредната сезона ќе се натпреваруваат во најелитните спортски првенства.

Оваа навивачка група “Млади Бригадери“ е најмладата кај “Чкембарите“, а пред некое време го прослави својот 5. роденден. Тие се моментно најактивните навивачи на екипите кои го носат името Пелистер, а ги има на фудбалските и ракометните натпревари. Тие со големо пиротехничко шоу по Широк Сокак во Битола, го прославија својот роденден.