Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од удар тврд предмет-палка со примена на реален аикидо

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад кога сте нападнати со тврд предмет, во прикажаното со палка, кога нападот доаѓа од горе.

Како што е прикажано на фотографиите, нападот доаѓа од горе, а одбрана од удар со палка -одозгора, е на следниот начин: исчекоруваме со левата нога напред, а со десната рака ја блокираме раката која удира (од внатрешната страна) и влечиме во полукруг надолу. Левата нога ја ставаме меѓу нозете на напаѓачот и со истата замавнуваме назад, при што ја избиваме ногатана напагаѓот, врз која е распредена неговта тежина, 70%, и ја избиваме истата, при шхо напагачот е целосно совладан.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.