Press "Enter" to skip to content

Битолчани нема да гледаат Лига на шампиони во ракомет, Еурофарм Пелистер не доби “вајлд-карта“

Комисијата за лиценцирање при  ЕХФ – Европската ракометна федерација ги соопшти екипите кои ќе играат во Лигата на шампиони во сезоната 2020/21. Во 16 екипи ја нема екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, која претходно беше пријавена од страна на РФМ, а со оглед на високиот рејтинг на македонскиот ракомет очекуваше “вајлд-карта“ за ново учество во ракометната елита.

Еурофарм Пелистер лани играше во втората дивизија во Лигата на Шампиони, но сега таа лига е реформирана, па така само екипата на Вардар ќе биде единствениот наш претставник.

Еурофарм Пелистер наредната сезона со ова одбивање добива место во новата Европска лига, а битолчани во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ќе гледаат покрај натпреаври од Евро лига и од СЕХА лигата. 

16-те учесници во Лигата на шампионите, покрај Вардар се Мешков Брест (Белорусија), ППД Загреб (Хрватска), Алборг (Данска), Барселона (Шпанија), Нант (Франција), Кил (Германија), Фленсбург (Германија), Веспрем (Унгарија), Пик Сегед (Унгарија), Елверум (Норвешка), Кјелце (Полска), Порто (Португалија), Целје (Словенија) и Мотор Запорожје (Украина).