Press "Enter" to skip to content

Министерот Чулев го обвини Ковачевски, Ковачевски демантира и ќе поднесе кривична против него

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи при посетата на Битола, информираше дека до МВР дошла пријава дека поранешниот директор на РЕК “Битола“ ја злоупотребил службената положба и изнуда од правно лице кое на незаконски начин за јавна набавна склучило договор за извршување услуги со РЕК “Битола“.-По информациите од Одделот за сериозен криминал и корупција поранешниот директор на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски заедно со дел од раководството согласно пријавата вршеле изнуда врз фирма која добила тендер за ископ на јаловина. Се работи за реномирана фирма која се јавила на тендерот и го добила, но директорот и раководството им вршеле притисок и изнуда со цел договорот да биде отстапен на друга фирма, подизведувач, која ниту имала капацитет, ниту има механизација, но е блиска до СДСМ. Со оглед дека одговорните лица од правното лице кое што го добило тендерот ја одбило оваа изнуда, притисокот продолжил при што бил побаран поткуп од 250 илјади евра. Но било укажано дека ако не биде даден поткуп или не се отстапи просторот на другиот подизведувач, фирмата ќе се соочи со опструкции да не може да го реализира склучениот договор. Фирмата не ги прифатиле двете можности и се реализирало црното сценарио, за на крај еднострано од РЕК “Битола“ еднострано е раскинат договорот и активирана е банкарската гаранција. Фирмата поведува граѓанска постапка и барањето за обесштетување е 1 милион евра. Се работи за голема сума за обесштетување како на РЕК “Битола“, така и на Буџетот. За жал од страна на ЕЛЕМ каде имале состанок не го пријавиле случајот. МВР поднесе известување до ОЈО и бараме од надлежното обвинителство да го реши случајот, рече Чулев.

Генералниот директор на АД ЕСМ и поранешен директор на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски на прес-конференција, во Битола, изјави дека ги отфрла обвинувањата упатени до него од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, и ќе поднесе кривична пријава против него, а на пресот рече:-Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоупотреба на полицијата за партиско-политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Ги отфрлам неговите обвинувања искажани денес во Битола и тие не се точни. Помина времето на МВР-ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа за нив неподобните. Кога министерот Наќе Чулев сака да бара криминал тогаш му препорачувам да се занимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени, и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати. За ваквите неосновани обвинувања и денешната изјава ќе поднесам кривична пријава против него, изјави Ковачевски.

More from ВестиMore posts in Вести »