Press "Enter" to skip to content

Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во работна посета на Битола (фото)

Денес во Битола, престојуваше, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, а посетата беше во рамките на своите работни активности, при што имаше работен состанок со раководството на СВР Битола каде бил запознаен со мерките и активностите кои се  преземаат за справувањето со пандемијата од коронавирусот.

По завршувањето на состанокот на средба со новинарите Чулев рече:-Генералниот впечаток од состанокот во врска со постапувањето на полициските службеници е дека ширењето на пандемијата на територијата на СВР – Битола е ставено под контрола, граѓаните се совесни и ги почитуваат мерките за заштита на сопственото здравје и за користење на заштитна опрема. Од  СВР Битола работи досега се изречени вкупно 1.904 прекршочни казни за неносење заштитна опрема и се поднесени 382 кривични пријави против 579 сторители за непочитување на забраната за движење, а за што други е расправано на состанокот додаде:

-Статистичките податоци поврзани со криминалитетот  бележат надолна тенденција, особено во областа на имотните деликти, а што однесува со семејното насилство истото не бележи значителна  нагорна тенденција за време на ограничување на движењето на граѓаните.Исто така тема на работната средба беа и претстојните парламентарни избори при што раководството на СВР Битола го запозна министерот Чулев дека секторот за внатрешни работи е подготвен за организација на изборите, за што говори фактот дека на територија на овој сектор не е потврден ниту еден случај на вработен во Министерството за внатрешни работи кој е позитивен на Covid- 19. 

Во тој контекст министерот Чулев потенцираше дека во фаза на изработка е протокол за организација на изборите во услови на коронавирус и по негово завршување ќе се изврши измена во мобилната апликација за полициските службеници и ќе се реализираат нови обуки кои ќе бидат прилагодени на овој протокол.  Неопходно е да се преземат сите активности со кои ќе се гарантира здравјето на граѓаните, но и ќе се спречат сите изборни нерегуларности, со што ќе се гарантира дека изборниот циклус ќе биде фер и демократски, потенцираше министерот Чулев во своето обраќање.Во рамки на работната посета министерот Чулев присуствуваше и на превентивна акција во чии рамки од страна на полициските службеници беа поделени заштитни маски на граѓаните на Битола. Во оваа прилика министерот уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита на своето здравје.

More from БитолаMore posts in Битола »