Press "Enter" to skip to content

“Солстис“- “Празникот на музиката“ наместо на Широк Сокак “он-лајн“ (линк)

Денес, 21 јуни, наместо класично одбележување на “Празникот на мизиката“ во Битола, ќе има музичка средба која ќе може да се проследи во двор или тераса, која не се пропушта.

Битола е единствен град во Македонија каде што секоја година на 21 јуни за убав почеток на летните денови го прославува франкофонскиот “Празник на музиката“.

Како секоја година, и годинава “Празникот на Музиката“ ќе се одржи на 21 јуни, но во поинакви услови. Оваа дата одговара на долгоденицата и првиот ден од летото. Нема ништо поубаво од музика да ни почне летото. Францускиот институт во Скопје, Француските алијанси во Тетово и во Битола, ви предлагаат музичка средба в недела, 21 јуни, а истата ќе можете да ја проследите од дома.

Во рамките на овој Празник на музиката, ви предлагаме да слушнете фракофонски песни во изведба на “Фолтин“, концерт на Тома Дитрон и композицијата “Кога го бркаме волкот“ на младиот композитор Ерван Шандон, во изведба на музичкиот оркестар “ФАМЕ’С“.