Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: бидете претпазливи со личности кои непотребно се жртвуваат за вас

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Не им го давајте на манипулаторите тоа што го сакаат

Сигурно имате многу примери  личноти кои  ќе го поделат најдоброто парче торта за вас, веднаш ќе побрзаат да ви помогнат и да не побарате помош, да ви позајмат било што  односно оние кои сакаат на било кој начин  да ви угодат. Услужни и добри луѓе, оние кои се жртвуват. На прв поглед тие се родители, роднини или пријатели кои само би ги посакале.

Меѓутоа луѓето кои се спремни да ја жртвуваат сопствената удобност за вас, не се  воопшто светци, или добри како што се прикажуваат.Зад таквиот вид на однесување може да се крие манипулација.  Тие се опасни манипулатори. Еве зошто треба да се заштитите од нив.

Како функционира жртвата – манипулатор

Обично под маска на посветеност “Ти ги посветив најдобрите години“, “вложив многу пари во тебе“, “ноќи не спијам заради тебе“… Жртвите- манипулатори и својата љубов или пријателство  ја даваат на кредит. Тој “заем“ морате да го “отплатите“ или “отплатувате“ со години. Кога се работи за децата заради кои мајките го жрвувале својот личен живот тогаш тој “долг“ и не е можно да се врати. Најчесто тие личности сакаат и преизвикуват  чувство на вина. Според замислата на манипулаторот останатите мораат да им бидат благодарни на дадените пари, време и љубов. Ако слушнете такви фрази од родител, партнер, сопруг/га, или пријател тогаш треба да знаете дека тие обично се обидуваат да манипулираат со вас по пат на чувство на вина.

Ги потрошив на тебе најдобрите години на животот, заради тебе не се дружам со пријатели/ки, а запоставив кариерата заради вас, тебе, не се омажив заради тебе, за да не трпиш очув, трошам на тебе пари, а негледам никаква благодарност… Сето ова претставуваат некој вид психолошки обвинувања кои се засновани на шема: “жртвувам за тебе нешто многу важно, а сега е на тебе ред за да платиш“.При тоа манипулаторите ја истакнува фиктивната жртва која никој всушност и не ја барал, децата не барале да бидат родени, мажот не барал од својата сопруга да ја напушти работата…

Со ова таквиот вид жртвување не предизвикува благодарност. Сосема спротивно, на оној на кој му се принесуваат непосакувани жртви често има потреба и желба да побегне на крај на светот, што подалеку од насилниот доброчинител. Се поставува прашањето Зошто тоа го прават?

Во психологијата  личноста на жртвата манипулатор  се нарекува неуротична. За разлика од несебичната жртва која ја карактеризира желбата за да се помогне некому не очекувајќи ништо за возврат. Неуротичната личност тоа го прави од себични причини. Еве и зошто: Жртвата има пасивно- агресивно однесување. Тоа значи дека сака на некој преписно да му одбруси, но воспитанието тоа не и го дозволува. Тогаш на помош доаѓа манипулациај, Наместо отворено да го изрази своето незадовослство мајката му зборува на својот син„ Со ноќи не спијам за тебе, а тие откако се ожени воопшто не ме бараш“. Со тоа жртвата манипулатор предизвикува негативни емоции кај другата личност бидејќи таа манипулира со својата осаменост, а на крај сепак го добива тоа што го сака

На жртвата и требаат пофалби

Причина за тоа е што има ниско самопочитување.Тие личности сметаат дека никој не ги сака. Жртвата ги отфрла сопствените интереси, а потоа очекува дека заради тоа ќе ја забележат и сакаат. Дали е потребно да се каже дека тоа и ќе се случи?

На крај се се завршува со разочарување во луѓето и заклучок дека никој не ги цени.
Жртвата обично ја следи културната традиција. Тоа е агресивно жртвување или просто кажано – обврска да се носи свој крст. Жртвата- манипулатор ќе живее со алкохоличар или насилник, само затоа што “сите така живеат“, или “срам е да се раздеведеш“. Меѓутоа жртвата има корист дури и од таквата нездрава заедница – добива сочуство од околината.Жртавата обично го дава она што го нема.

Манипулаторот жртва не дава “поклонува“ она што го има во изобилие (време, пари, емотивна енергија). Обично го жртвува она што и недостасува. Пред или покасно, од таквото негативно жртвување се развиваат депресија и чувство дека никој не ги разбира.
Зошто не нервираат претерано услужни луѓе. Жртвите обично ги нервираат останатите луѓе, бидејќи тие очекуваат дека за возврат ќе добијат дел од нивниот живот. Во психологијата тоа обично се нарекува уцена со емоции. Таква жртва се применува само на блиски личности, бидејќи обичните познаници и не им е грижа што се случува со уценувачот.

Однесувањето на жртвата манипулатор е внимателно проучувамна од страна на психолозии социолози и утврдени се начините на кои таквите личности постигнуваат она што го сакаат. Оваа техника на манипулациај се нарекува FOG (Fear, Obligation, Guilt) СТРАВ, ДОЛЖНОСТ(ОБВРСКА) и ВИНА, ова се трите чувства на кои игра жртвата, за да постигне она што го сака.

Fear – страв за да не го набредите, избгубите или повредите манипулаторот.

Obligation – должност  Манипулаторот со своето однесување апелира на чувст о на должност и ска на вас да ја свали вината за своите неуспеси и нераположение.

Guilt – вина. Срам ви е што не сте ги исполниле очекувањата.

Во Велика Британија е усвоен закон против емоционално злоставување и принудна контрола. Тоа значи дека никој на светот нема првао да ја контролира другата личност. Според овој закон граѓанин на оваа земја не може да инсистира неговата жена да зготви ручек, не смее да врши притисок на своите деца и бара да ги направат домашните задачи, туку  треба да ги замоли.  Како ќе биде ова во практика се уште не јасно, но има предност во смисла на (заштита од сите видови на семејно насилство), но има и недостатоци (не може точно да се утври степенот на вина кај “насилникот“.