Press "Enter" to skip to content

Зоран Каранфиловски – Ќаме прв во мото-крос на трката “Орман“ во МХ (фото)

По неколку одлагања поради воведените вонредни мерки и полицискиот час за скопските општина се одржа првата трка во Шамионатот на Македонија за мото-крос, на патеката “Орман“, а на стартот се појави и Зоран Каранфиловски од Битола, кој се натпреварува за мото-клубот Мотори МК.Во категоријата МХ убедливо прв беше нашиот сограѓанин Зоран Каранфиловски – Ќаме кој на двете трки беше прв, а потоа и го генерален пласман, со што ги прокнижи првите бодови во годинашниот шампионат.-Имавме голема пауза поради состојбите и по одлагањето се одржаа долго очекувата трка во Орман. Имам солидно подготвен моторцикл за кој тешко стигнаа деловите за ремонт до Битола за што зборувавме претходно, добро сум подготвен, имав одлични тренизни во Битола и на патеката кај Смолево, а потоа на трката немав проблеми на двете трки на кои бев првопласиран, вели Кранфиловски.Каранфиловски со нетрпение го очекува и меѓународниот календар за “BMU motocross“ каде ќе се натпреварува оваа сезона, а и новите датуми за трките во Бугарија и Турција кои беа одложени.