Press "Enter" to skip to content

Стевче Стефановски – координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер

-Со огромно задоволство ја информираме спортската ракометна јавност дека поранешниот селектор на македонската ракометната репрезентација, прославениот голман и поранешен тренер на  Пелистер – Битола, Стевче Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер, е напишано во официјалното соопштени на клубот од Битола. 

Воедно, Стевче Стефановски ќе биде и дел од Одборот на директори на РК Еурофарм Пелистер.

-Управата на клубот постигнатиот договор со Стевче Стефановски го оценува како еден огромен чекор напред во унапредување и подобрување на работата со младите категории во нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење и искуство значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот во работата со младинските категории и ќе осигура вистинска иднина на ракометот во нашиот град, истакнуваат од Еурофарм Пелистер – Битола.