Press "Enter" to skip to content

Како да се ракуваме (Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“)

Дел од комуникацијата е и ракувањето. Генерално препознаваме шест видови на ракувања. За подобра перцепција ќе ги погледнеме и сликовито. Верувам дека преку дел од овие фотографии ќе препознаете ракувања на: соученици, колеги, роднини, пријатели соработници и претпоставени.Да не заборавиме дека има и луѓе што поради одредени причини културолошки или пак можеби поради одредени предрасуди, не сакаат да се ракуваат. Да зборуваме за оние на кои ракувањето им е дел од од секојдневието.

1. РАКУВАЊЕ СО ЛИЗГАВИ И ВЛАЖНИ РАЦЕКолку пати сте се ракувале со некој и непријатно ве изненадил со ракувањето бидејќи раката му била влажна и лизгава ? Ваквото ракување знае да биде и изненадувачки лошо. Се доведуваме во ситуација да се запрашаме, дали лицето со кое се поздрвауваме при средба води квалитетна лична хигиена ? На некои луѓе потните жлезди прекумерно им лачат па со самото тоа имаат вакви лизгави и влажни раце. Ова може да биде и сериозен проблем за оставање на квалитетен прв впечаток, особено ако со лицето кое првпат не гледа и се ракува со нас, за првпат треба да соработуваме.

Некогаш пак луѓето се невнимателни па знаат и со туку што измиени и неизбришани раце да се поздрават што е поретко како ситуација. Ваквиот тип на ракување со водени раце не е културен и препорачлив.

2.  РАКУВАЊЕ ЛАДНО И МИРНО

Овој вид на ракување го нарекуваме и како “fish“, ладно и смирено токму како на сликата, како да допираме ладна риба. Има лица на кои секогаш рацете им се екстремно ладни па кога ќе се ракуваме со нив изгледа како да држиме за рака ладна риба.

3. РАКУВАЊЕ СО СТИСОК

Ваквото ракување во поголем процент е својствено за машката популација што воопшто не значи дека дел од женаската популација не се ракува на овој начин, само е поретка во проценти. Овој вид на ракување се манифестира преку сериозен стисок кој што знае да е и непријатен, од причина што болен. Од стисокот знае да се случи и недостаток на циркулација во самата рака. На соговорникот има интенции можеби и да му се слоши, бидејќи силно ќе го стиснете а тоа не го очекува.

Во невербалната комуникација, честопати ваквото ракување го користат мажи кои сакаат да доминираат и во ситуации на поздравување при завршена зделка и работен состанок. При ваков вид на ракување, многупати се случува и пропратно допирање на соговорникот со другата рака. Вообичаено оваа гестикулација служи како знак на потврда и одобрување во дипломатијата и политиката.

Да резимираме дека ваквото поздравување не треба да е болно. Можеме да се поздравиме цврсто, но не болно. Никој не сака да го стискаме неријатно со дланката !4. РАКУВАЊЕ СО ДОПИР НА ВРВОВИТЕ НА ДЛАНКАТА

Ова е ексцентрично ракување кое навидум изгледа дека некој само сака преку допир со прстите да се ракува со вас. Не треба да се практикува вакво поздравување. Не е пожелно. Зошто? Бидејќи во најамала рака изгледа како пренемагање. Не оддава сериозност. Кога ќе сретнете некој кој вака се поздравува особено во деловните кругови тогаш има шанси
поради начинот на ваквото ракување да се најдеме во дилема, дали некој сака да соработува со човек кој на ваков несериозен начин се ракува. Секако, секој од нас има слобода на израз и може како самиот цени така и да се днесува но, има параметри кои дефинитивно треба да се запазат а ракувањето да не допринесе кон негативно мислење со лицето со кое се ракуваме.

5. РАКУВАЊЕ / ИЗБЕГНУВАЊЕОва ракување во најголем процент е популарно во дипломатијата. Има случаи кога и во останатите бранши или во обичниот живот, ситуации кога лицето со кое се среќавате сака да се ракува со вас но, лицето наспроти воопшто нема намера да се поздрави и категорично го избегнува ракувањето.

Во политиката или дипломатијата многу често се случуваат ваков вид на ситуации, избегнување на намерно подавање рака при официјални средби и даловни поздравувања. Со ваквиот тип на невербална комуникација се става јасно до знаење негодување и неодобрување на нешто.

6. РАКУВАЊЕ СО ДОЛГО ДРЖЕЊЕ

Во најголем процент, ваквото ракување е својствено за машко-женските односи, се однесува најчесто на ваквите релации при ракувања и е многу чест дел од секојдневието. Дали сте девојка, жена и ви се случило да се ракувате, а соговорникот се заборава гледајќи ве и ви ја држи вашата дланка долго? Во невербалната комуникација ова се карактеризира најчесто како знак на допаѓање.

За крај од денешното дружење еве и еден од многуте примери кои ќе го издвојам за денеска.

Поздравот на легендарниот претседател на Куба, Фидел Кастро со тогашниот претседател на Америка Барак Обама на историските разговори за Хавана во 2016 година.Претседатенот Никсон и Елвис Присли кој во далечната 1970 година имал желба да се запознае и да се дружи неформално со тогашниот претседател на Америка.

Верувам дека ви пренесов интерсни и корисни совети. Се гледаме седната недела со нова содржина на оваа тема. За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu.

ПРОДОЛЖУВА…

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје. ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442

Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.