Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Анета и група “Молика“, во 2010 одбележаа, 15 години постоење

-Сигурно ако не беа овие мерки за заштита од корона вирусот ќе имавме летово уште поголема прослава на јубилејот на групата “Молика“ и Анета од Битола, од она што го видовме и слушавме пред 10 години во 2010 година, кога групата славеше 15 години заеднички настап на сцената, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Големиот јубилеен концерт се одржа на отворено, во “Император“ околу Олимпискиот базен во Битола. Имаше сигурно, колку што се сеќавам, а и она што го имам запишано во новинарските белешки, а ни го изјавил организаторот, околу 1.000 гости, вели Миновски, кој за самиот концерт додава:-Концертот, односно целовечерниот настап беше одличен, а се надевема дека по ова мое сеќавање, за тоа што се случуваше пред 10 години, ќе се присетат и голем број на битолчани кои таа вечер, за која се бараше “карта повеќе“, беа на Олимпискиот стадион.Вечерта ја отворија млади музичари, а потоа следуваше концертот на Анета и групата “Молика“, а гласовните можности на Анета ги исполнија очекувањата на сите присутни, а имам забележано дека имало и голем број на наши иселеници.Покрај Анета и групата “Молика“ на овој нивни јубилеен настап имаа и голем број на гости, нивни колеги, кои настапија таа вечер од Битола и цела Македонија. Тука беше Благоја Груевски, Сузана Гавазова, Даниела, Татјана, Елена Велевска… како и изненадување – танчарки, се присетува Димче Миновски, кој уште една додава за тоа како би бил јубилејниот концерт.-Сега Анета и групата “Молика“ имаат уште поголема популарност отколку пред 10 години. Настапуваат насекаде низ светот, на сите континенти, а секако популарноста во Македонија и Битола е голема.Затоа сите кои ја сакаат нивната музика оправдано го очекуваат нивниот јубилеен концерт, а кога и да случи сигурно ќе биде голем спекталк, за паметење, за кој сигурно ќе се пишува и по други 10 години.

More from БитолаMore posts in Битола »