Press "Enter" to skip to content

Разговори низ паркот, Марија Митровска поп пејачка: уметноста е лек за душата, нека мојата музика биде лек, утеха и надеж на сите на кои им треба

Жанета Ристевска

Разговорите во живо со моите соговорници кои многу ми недостасуваа заради мерките на претпазливост, спонатно се пренесоа во градскиот парк во Битола и слободно ќе ги наречам “Разговори во паркот“. Низ опуштен разговор со мои соговорници ќе откриеме интересни настани, детали од животот и периодот на карантин низ кој сите поминавме. Градскиот парк стана место за прошетки, но и место за опушање и соочување со себе и своите мисли. Корона кризата со цела неизвесност, страв, дилеми и предизвици кои ги донесе  со себе го промени начинот на живеење и размислување. Ќе кажам со надеж можеби и ќе придонесе да се спознаеме себеси на вистински начин. Низ разговорите ќе поттикнеме и некои теми  кои не засегаат и отворено ќе прозбориме за нив, за кризниот период во кој се наоѓаме и ја живееме новата реалност. Овој пат низ разговор секако и убави фотографии низ паркот ќе ја откриеме лилноста на младата Марија Митровска од Битола, поп пејачка, и слободно ќе кажам, ѕвезда во подем која ја заслужува македонското естрадно небо.Убава со впечатливи мистични  зелени очи, но многу повеќе плени нејзината искреност, приросност, скромност. Премногу сериозна за свои 26 години, таа е една од ѕвездите на талент шоу “Потрага по ѕвезди“ на “М2 Продукција“ и “Мојата ѕвезда“, победник на фестивалите “Орфеј“, “Езерски бисери“ за тинејџерски ѕвезди. После еден прекин во кариерата, повторно се враќа со  настапи како соло пејачка на концертите со Камерниот оркестар од Битола, потоа заедно со Влатко Стефановски, на концертот  со  Неша Галија пратечки вокал. Голем број настапи низ локалите во Битола и околината. За време на карантинот голем број видеа, кои ги сними со својот брат Димитар Митревски, виртуоз на харамоника. Но да почнеме од почеток…Твои почетоци во музиката… Кажи ни повеќе?

-Уште од најмала возраст покажував афинитет за музика, и моите родители ме запишаа во нижото музичко училиште. Потоа продолжив во средно музичко училиште -соло пеење под менторство на професорката Офелија Митревска. Мое излегување во јавнеост беше фестивалот „Орфеј“ каде освои 1 место меѓу настапите на повеќе пејачи од целата држава. Овој фестивал го организираше професорката Магдалена Митревска. Следуваше фестивалот „Езерски бисери“ кој се одржуваше во Струга на кој настапија изведувачи од 18 земји во светот.. Тука исто така го освоив првото место.  Талент шоуто  Потрага по ѕвезди на М2 Продукција ми овозможи да излезам во јавноста бидејќи ова шоуто се емитуваше на телевизија и беше ногу популарно бидејќи сите гласаа. Јас имав забележителни настапи и влегов во првите 10 млади ѕвезди. Потоа во  шоуто за таленти „Мојата ѕвезда“ имав забележителен настап со Анета Мицевска – “Молика“. Можам да кажам дека тоа се почетоците на мојата кариера која за многу брзо време тргна во нагорна линија, но заради приватни причини имав прекин во кариерата наредните години. Се остварив како мајка и добив нешто многу драгоцено тоа е мојата ќеркичка Јана која ми е се во мојот живот.  Сега таа има 7 години. После прекинот во кариерата повторно твое враќање на сцената  настапи на големите концерти  заедно со Камерниот оркестар покрај други македонски ѕвезди.Битолчани ве знаат и по твоите настапи настапи по битолски локали со твојот брат Димитар и други колеги. Кажи ни повеќе за овие твои настапи?

По пауза од неколку години на мое големо задоволство повторно се вратив ма сцената со бројни ангажмани и настапи по локали во Битола и околината. Имав голема чест да настапувам на концертите со Камерниот оркестар кои беа многу значајни за мене и мојата кариера. Тука ќе го споменам мојот настап со  Камерниот оркестар и Влатко Стефановски во Белград минатата година. Во февриари 2020 концертот посветен на нашиот Тоше Проевски „ Засекогаш во срцата“ на кој ги исполнив  песните „Тајно моја“ и „Галеба“мој тажен“. Секако настапот со Камерниот оркестар за време на карантинот ми остави длабок впечаток.За концертот “Со љубов од Битола“ се пишуваше “група ентузијасти, уметници од град Битола кои сакаа да и се оддолжат на битолската публика за сите аплаузи и посети на концертите на камерниот оркестар  одржаа мини концерт на 10 мај, во карантинкси услови и празен Широк сокак.  Како го доживеавте…

-Овој мини концерт на Широк Сокак на отворено со запазување на мерките во карантински услови ќе остане длабоко запаметен кај сите кои учествувме, а и кај публиката. Голема чест беше да учествувам на истиот покрај  другите   естрадни уметници од Битола Тамара Стојковска,  Димитар Андоновски, Бојан Стојковски, диригентот Владимир Димовски и Камерниот оркестар. Да напоменеме дека овој мал 40 минутен концерт беше  технички  помогнат од пријатели на културата. Направен е без финансиски бенефит за никој од нас, но и  како поддршка пред се за борците во првите линии со коронавирус – нашите лекари и здравствени работници, кои  херојски се носеа и се носат со задачата, од заканата на корона вирусот, но и за граѓаните од нашиот град, како и за нашите колеги уметници кои се силно погодени од оваа пандемија.

Тие моменти и сликата на празен Широк Сокак и цела Битола, ние солисти, музичари кои живееме за публика и нивниот аплауз нивната енергија, пеевме од цела душа со солзи во очите. Во кариерата се доживуваат секакви моменти, но овие сигурно не направија да се почуствуваме дека најважно од се во животот е здравјето, успехот по кој сите трагаме, пари не значат ништо.  Голем број видеа за време на карантинот произлезе и видео  за  кавер на песната од Ал Дино “Сад ме по теби познају“. Кажи ни повеќе за овој проект

-Заедно со битолските музичари виолинистот Димитар Михајловски, кој работи во Македонската филхармонија и Александар Стојчевски, професор во битолското музичко школо, направија кавер на песната “Сад ме по теби познају“ од Ал Дино. Го  снимиивме на крајот на месец мај, а идејата беше  да се состанеме  повеќе битолски музичари и да направиме  нешто на полето на музиката, кога сите јавни настапи се прекинати заради глобалната пандемија предизвикана од Ковид – 19.Во однос на настапите кои во моментот ги нема ни еден уметник, сите се сложуваме дека дека премногу  фалат аплаузите од публиката, бидејќи  тоа беше наше  секојдневие и се надеваме дека за скоро со попуштање на мерките сите ќе настапуваме пред публика. Ја одбрав оваа песна “Сад ме по теби познају“ на босансиот изведувач Ал Дина,  која  е постара од 10 години, но сакав да ја обновимеа. Се снимаше во студио  во Битола, а монтажата ја направи Александар Попоски.За време на карантинскиот период  произлегоа голем број видеа кои се гледаа на социјалните мрежи. Тие  ги снимавте  заедно со твојот  брат Димитар Митровски виртуоз на хармоника. Песната е лек за сите рани, така и овој период вашата публика имаше можнсот да ве следи и им го направивте тешкиот период полесен.  Песните беа исполнети со душа и можеби заради тоа и беа многу гледани.

-Пандемијата со корона кризата као што ги погоди сите, така и нас естрадните уметници на кои музиката ни е наш живот,  живееме од настапи, аплаузи од публиката кои силно ни недостасуваат. Заради тоа ние секојдневно снимавме видеа со мојот брат Димитар Митревски од кои некои станаа многу популарни и гледани. Тој свири хармоника, компонира и има издадено 2 це-деа со македонски ора. Моментално студира на Музичка академија. Тие видеа ќе останат да сведочат и бидат спомени за еден период кој сите го поминавме, и не би сакале да се повтори. Се надевам дека тие беа и еден вид лек за душата. Се надевам дека со попуштањето на мерките и отварањето на локалите повторно сите ќе запееме пред публика, а и на концерти кои со летниот период можат да бидат на отворено со дистанца.Со овие зборови и надеж деке доаѓаат поубави и подобри денови го завршивме разговорот со мојата соговорчика која со многу емоции зборува за музиката која е нејзинот живот. Со својот сенз да ги пренесе емоциите низ песна и поскауваме добра песна и видео во кои ќе го изрази целиот талент и харизма  која ја  поседува.

Фото: С. Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »