Press "Enter" to skip to content

Во Битола уште еден новозаболен, 868 тестирања – 132 нови случаи на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19, објавено е на официјалната “фејс-бук“ страница на Министерството за здравство.

Во Битола во последното деноноќие е регистриран еден нов случај на заболен од ковод-19, а Скопје и денес има најмногу заболени, вкупно 57.

Во останатите градово има во Куманово 10, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 7, Тетово 19, Струга 3, Велес 4, Охрид 5, Кавадарци 1, Гостивар 6, Пробиштип 2, Свети Николе 2 и Ресен 1.

Починати се 12 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19.