Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло, температурата до 30°С

Во следните денови времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, денес, понеделник, 29 јуни, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ=9. Температурата ќе достигне до 30°С.

И за утре, вторник, 30 јуни, во Битола ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. УВ=9. Температурата ќе достигне до 31°С.

Инаку, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, предупредуваат дека до средината на оваа седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за неколку степени.