Press "Enter" to skip to content

Вчера вечер лажна пријава за поставена бомба во Касарната

Битолчани вчера вечер беа на прошетка во градскиот парк во Битола, а доаѓаа по “Партизанска“ од стана на полициски службениви беа информирани поради безбедност да не се движат по улиците во поранешната касарна, поради дојава дека има поставено бомба, најверојатно во автобус на транспортна компанија од Битола.

Од страна на надлежните служби во МВР и СВР Битола, по пријавата за можна експлозивна направа поставена во превозно средство во кругот на поранешната касарна во Битола, по преземните мерки не е пронајдено ништо. 

Од СВР Битола информираат дека истрагата е во тек.