Press "Enter" to skip to content

Ресенчанецот кој синоќа лажно пријави за поставена бомба, денес приведен

На 28.06.2020 околу 16.20 часот во СВР Битола, В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“ на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека истите ќе бидат активирани.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи.

Во СВР Битола бил приведен 43 годишник од село Болно, ресенско, поради постоење основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.