Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат малолетеник кај спортската, малолетничка на “Партизанска“, тепачка на Широк Сокак, пожар предизвикан од гром

Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова извести за дел од настаните кои се регистрирани во билтенот на СВР Битола.

На 27.06.2020 во ПС Битола, Г.А. од село Лознани, битолско, пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот кај спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.06.2020 во ПС Битола, 19 годишна битолчанка пријавила дека околу 01.40 часот на ул. “Партизанска“ едно лице се обидело физички да ја нападне и ја турнало на земја. Според пријавеното, лицето побегнало откако таа пружила отпор. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.05.2020 во ПС Битола било пријавено дека во летна бавча од хотел на улица „Широк Сокак” во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 47 годишник од една страна и 32 и 36 годишник, сите од Битола, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.06.2020 во СВР Битола било пријавено кај клучката за село Ротино во дрво удрил гром и го запалил дрвото, при што настанал пожар и горела сува трева и повеќе дрва. Од страна на Противпожарната единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.