Press "Enter" to skip to content

Црвени Стени дом на кафеавите мечки и место од каде со часови може да се гледа планината, Пелистерски патокази (27) (фотогалерија)

Текст и фото: Сашо Ристевски

-Убавите и непристапни планини се како убавите жени. Ги гледаш, ги посматраш оддалеку и им се воодушевуваш. И по малку  им се плашиш. Приближи им се и се е подруго. Стапка по стапка, чекор по чекор, по стрмните и каменитите беспаќа и веќе се наоѓаш на тешко достапните, величенствените, Црвени Стени на Пелистер, ќе каже  Драган Ристевски, искусен планинар од Битола, кој и по стотици искачувања на Црвени Стени, вели дека ова е најубавата глетка која ја нуди Пелистер, а тука се оправдува епитетот на Баба Планина, најјужна алпска планина во Европа, само на дестина километри од Битола.Црвени Стени, Црвена Река, Црвена Долина, на нешто повеќе од 1.800 м.н.в. овој простор на Баба Планина, можеби амбиентално, најмногу наликува на алпски предел, а тука се слуша песната на еден вид планински ластовици кои владеат со воздушниот простор, како и дивите кози кои доминираат на стрмните карпи. Црвени Стени се најнедостапната убавина на Баба Планина. Црвени Стени се недостапни секако за луѓето, но не и за нејзините постојани жители, кафеавите мечки од 1.500 до околу 2.000 м. надморска височина.-За да се стигне до Црвени Стени од Битола, битолчани најповеќе ја користат патеката од од страната на Јоргов Камен, до каде пак се стигнува по патеките од Копанки и од Магарска Река. Патеката е долга околу 6 километри, а се стигнува со “добро“ планинарско темпо за помалку од 2 часа, секако со мали паузи да се ужива во убавините на Пелистер. Изворите, чешмите, камењарот, овошните плодови, а  нема да Ви останат незабележани, многуте ровови и бункери, вели Драган Ристевски, кој додава дека од тука се продолжува косо кон големата карпа наречена “Плоча“ по што се стигнува до сртот на Црвени Стени, но за тоа треба и солидна алпинистичка опрема, многу кондиција и искуств, а тој не ја препорачува за битолчани кои тука само рекреираат. -Ова до тука од хотелот “Молика“ преку Копанки и Јоргов Камен, според мене е е најубавата планинска, пелистерска патека по која може да се движи секој, а ова е и како гледата семејна патека. Тука денес има брачни парови, пријатели, дедо и внук, другарки, татковци со деца. Посебна е убава кога се враќате на пладне кога “измешаниот“ воздух со кислород, боровина и сонце е неповторлив и го чуствувате во градите.Целта на оваа планинарска тура е ширината над карпите каде сега е поставен фиксниот телескоп, а тука чешмата изградена во периодот на 1950 година од страна на Националниот парк “Пелистер“ и поставената спомен плоча на првиот директот на НП “Пелистер“ и легенда на планинарството Боро Алтимармак.А, таму на Црвени Стени не можете да правите ништо друго освен да уживата во погледот, кој ќе се однесе во врвовите на Пелистер, местата – длапките, каде се сместени Пелистерките очи, Нижеполе, непрегледните букови шуми, цвеќињата, а само во стотина мести се гледа и Битола.За тоа, од каде името Црвени Стени, некои познавачи овој термин го поврзуваат со годините на Првата светска војна, од пред еден цел век, кога на овие простори се воделе беспоштедни крвави битки меѓу силите на Антантата од една  и на силите на Оската, од друга страна. Од пролеаната човечка крв зацрвенеле и стените и реката и целата долина кои го носат предзнакот Црвени. Според други, црвената боја доаѓа од руменилото на сончевите зраци кои ги осветлуваат карпите во раните утра. И секако, заради тоа што голем дел од овие карпи имаат црвеникава боја од оксидирани минерали и остатоци од водите што линеат по нив.Богатството на водотеци на Црвени Стени доминира особено во пролетните месеци кога се топат обилните снегови напластени во текот на зимата. Тогаш силната и брза вода по стрмнините на Црвени Стени прави прекрасни водопади од кои некои се долги и по 20-30 метри. Во тој период, Црвена Река звучи неповторливо волшебно, свирејќи ја својата планинска симфонија чии прекрасни звуци ја исполнуваат целата Црвена Долина.Во зимските месеци, кога наврнуваат и пообилни врнежи снег, е период кога на овој терен паѓаат и лавини кои едноставно бришат се пред себе, уништуваат и молики и други стебла стари и повеќе десетици години и тркалаат карпи со големи димензии. Такви остатоци можат да се забележат особено во долните текови на Црвена Река.На враќање од Црвени Стени, се наоѓа месноста Јоргов камен, која е една од неколкуте впечатливи позиции или пунктови за набљудување што е неповторлива можности за поглед кон Пелагонија и Битола. Камената стена на сртот  над селото Ниже Поле позната како Јоргов Камен (1.744 м).Оттаму Битола, е речиси на дофат и таа може да се посматра како на дланка. Секако, најдобра чистота на видикот има после дожд и особено на зајдисонце, со оглед дека Јоргов Камен во однос на Битола е поставен  западно, така што, во такви околности Битола наликува на една голема сцена, осветлена како со силен рефлектор.По патеката до Црвени Стени од Копански ќе уживата е во погледот на “Камените реки“ формирани од гранитните карпи, а под нив и во изворите на ладна пелистерска вода.

More from БитолаMore posts in Битола »