Press "Enter" to skip to content

Во тек е прскањето против комарци, на територијата на град Битола

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:

-Ве известуваме дека во периодот од 29.06.2020 (понеделник) до 03.07.2020 год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од теристичката(од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

More from ВестиMore posts in Вести »