Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и многу топло

Денес во Битола, вторник, 30 јуни, последниот ден во месецот, времето според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=9. Температурата во Битола ќе достигне до 31°С.

И за утре, среда, 1 јули, времето во Битола ќе биде слично, а метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи прогнизираат сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. УВ=9. Температурата во Битола ќе достигне до 32°С.