Press "Enter" to skip to content

Еден новозаболен, еден оздравен во Битола, на инфективно во Клиничка 45 пациенти, вкупно 125 ново случаи

Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на Ковид-19, стои во официјалното соопштение на Министерството за здравство, објавено на нивната “фејс бук“ страница“.

Во изминатото деноноќие во Битола е регоистриран еден новозаболен од ковид-19, а има и еден оздравен пациент од Битола.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациенти на инфективното одделение.

Скопје со 66 новозаболени лица  е на врвот на листата, а следуваат Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Тетово 19, Струга 2, Велес 2, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1 и Ресен 3.

Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти во  Скопје 43, Штип 1 и Ресен 3.

Во земјата, досега се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557 лица.